Еден анонимен човек за половина година на еден автопат во Швајцарија, во регионот Фраунфелд фрлил 800 вреќи мачји измет. Бил фатен од полициска патрола. Во автомобилот имал неколку вреќи од изметот.


Изјавил дека ги фрлал на автопатот за да плаќа помалку на комуналните служби за извоз на ѓубрето. Поради вреќите имало многу проблеми. На една од нив налетал мотор, а полицијата примила повеќе од 50 дојави за изметот. Освен тоа за собирање на изметот повеќе пати реагирала комуналната служба, која направила трошоци од околу 5000 евра.