Среќко Катанец и стручниот штаб го одбраа Охрид како база за подготвки пред квалфикациските натпревари против Англија но и против Хрватска на Максимир. Изборот на нашиот бисер, Катанец го потврди со образложение за мирот и спокојството што ќе го пронајдат фудбалерите во пресрет на важните натпревари.
Спортот е нели најголемиот и најдобриот амабасадор на државата, па имајки ја во предвид опсесијата на луѓето со најважната споредна работа во светот, во дневниот печат и по електорнските медиуми нон стоп се вртеше името на градот во кој се подготвуваа репрезетативците Охрид.
Моето прашање е дали го искористивме присутвото на репрезентацијата и натпреварот со Хрватска за промоција на Охрид како град и она што некогаш беше во бившите југословенски простори македонскиот бисер? Тренинзите на репрезентацијата не го привлекоа првиот човек во градот, ниту некој од локалната да дојде и во живо да го види во момнетов најголемиот македонски бренд Горан Пандев. Точно можеби времето и не беше добро да се дојде на тренинг и по дождот да се гледаат репрезентативците како трчаат по топката, но ако не друго можеше барем да им се приреди еден коктел како за „добредојде“ така и за „среќен пат“.
Не ќе беше лошо да им се подели и најпрепознатливиот белег на Охрид, охридскиот бисер. Заборавени останаа и неколкуте хрватски новинари кои беа пристуни за време на подготвките на македонската репрезентација, па нели ни е потребна и медиумска кампања .
Па драги мои, нели е охридска онаа поговорка „фрли рипче да фатиш крапче“.
Мирко Постолоски