Судот во Сингапур еден пушач казнил со 19.800 сингапурски долари, или речиси 13 илјади евра, поради фрлање отпушоци низ прозорецот на станот, јавила националната агенција за животна средина. Според пишувањата на електронските медиуми, 38-годишниот човек за четири дена низ прозорецот фрлил 34 отпушоци.

 

Несовесниот граѓанин, кон на суд се нашол врз основа на снимките на безбедносните камери, исто така му била одредена казна во вид на петчасовно чистење улици. Во сингапур на сила се многу строги закони со кои се регулира чистотата на јавните површини. Посебно е забрането да се фрлаат отпадоци на улица и да се увезуваат гуми за жвакање.