Олимпискиот првак од Литванија, Виргилиус Аленка, освојувач на златен медал на ОИ во Сиднеј 2000 и Атина 2004, одбил да тренира на вообичаениот терен, кој после одржаната изложба на кучиња бил преполн со кучешки измет.


– Кучињата го прават она што вообичаено го прават, какат и мочаат. Не знам како би можел да вежбам во такви услови … и кој би го чистел дискот после секое фрлање – рекол 36 годишниот Аленка, и тргнал во потрага по нов терен за тренинг.