Германскиот производител на апарати за домаќинство BSH планира оваа година на пазарот од исфрли два нови модели фрижидери опремени со камери. Додека се надвор од домот, сопствениците ќе можат внатрешноста од фрижидерот да ја видат на своите смартфони или на своите таблети и да одлучат дали треба нешто да купуваат.
Апликацијата ќе овозможува и складирање на податоци со точно време и ќе може да се провери дали некој го отворал фрижидерот во текот на ноќта. Инаку, сите производи на компанијата BSH се продаваат под стоковите марки Бош и Сименс.