Во австралискиот град Сиднеј бил отворен првиот фризерски салон во кој фризерките работат топлес. Идејата ја добил Војтек Васлевски, кој денес е сопственик на салонот кој носи име “Hot Cut”. Тој речиси две години барал фризерки кои ќе се согласат да работат топлес.
Желбата му била да отвори салон во кој корисниците на услугите би се чувствувале како господа. Откога отворил, телефонот не престанал да звони. Освен услугите за потстрижување и миење на косата, во салонот нудат и масажа на главата.