Руската полиција направила рација во еден фризерски салон во Москва откако било откриено дека фризерките своите клиенти ги шишале потполно голи. За околу 70 долари клиентите можеле да уживаат во голо шишање кое наводно било толку популарно што ред се чекало и на улица. Но, популарноста на крајот и ги уништила. Пијани клиенти занеле да ги заменат вратите и да се обидуваат да влезат во блискиот центар за аутистични деца. Лудмила Мијаилова, управничка на центарот, вели дека не можеле повеќе да ги пуштаат децата да си играат во игралиштето бидејќи се појавувале доста пијани мажи кои се обидувале да влезат во зградата.

 

Еден полицаец бил во салонот правејќи се дека е муштерија како би го разоткрил наводното дилање дрога, но бил во шок кога му понудиле дополнителна услуга со која за 150 долари и тој би можел да биде гол за време на шишањето. Редовниот клиент Сергеј Воронов рекол дека кога ќе влезеш те пречекува девојка со бујни гради која нуди шолја кафе и флертува со тебе. Светлата се пригушени и потоа ви ги набројуваат услугите кои ги нудат. Освен фризури прават и маникир и педикир. Раководителите на салонот ги отфрлиле обвиненијата демантирајќи дека нудат проституција, бидејќи фризерките немаат секс со клиентите. Сепак, снимка која ја снимил споменатиот полицаец покажува дека му била понудена опција за дополнително време со девојката која го потстрижила по цена од 600 долари.