Фризерки во секси долна облека или бикини од неодамна се тајно оружје со кое еден фризерски салон во Полска за кратко време ја преминал конкуренцијата во трката по муштерии. Поради големата конкуренција од дури 100 салони во истиот град, сопствениците се одлучиле на овој необичен потег.
Велат дека муштериите бараат да ги стрижат што подолго, а доаѓаат дури и луѓе без коса. Симпатичните фризерки Евелина и Виолета имаат фризерска пракса од други салони. На почетокот многу се срамеле, но сега без проблем си ја работат својата работа.