Како што пренесуваат руските медиуми, јавниот обвинител решил да поднесе тужба против двајцата. Вооружен крадец влегол во салонот и барал пари. Во тоа време во салонот имало две фризерки и еден муштерија. Тоа што крадецот не го знаел било дека една од фризерките е регионален првак во таеквондо. Таа го соборила со еден удар и го одвлекла во подрумот каде што го врзала за столица. На колешката и рекла дека подоцна ќе викне полиција, но тоа не го сторила. По завршувањето на работното време го соблекла и му дала три таблети вијагра. Во наредните три дена го силувала повеќе од десет пати.


Штом го ослободила преплашениот крадец отишол во полиција. Завршил во болница поради повреда на гениталиите. Фризерката рекла дека имале секс неколку пати, а крадецот тоа го прифатил. Редовно го хранела, му купила нови фармерки и му дала пари кога заминал. Крадецот потврдил дека фризерката го хранела но останал на тврдењето дека таа го силувала.