Сопственичка на мал фризерски салон во Тајван ги одушевила локалните медиуми со своите чевли на висока пета кои ги изработила од остатоци од коса. Цаи Ши Јинг (54) од коса изработува и украси, брошеви и вазни.
-Посебно ги сакам чевлите на потпетица, но поради работата не можам да ги носам. Затоа одлучив да си направам чевли кои навистина многу ми се допаѓаат-вели Цаи.
На чевлите работела еден месец и потрошила коса од намалку тројца муштерии. Вели дека за изработка на украси може да се користи само вистинска коса бидејќи вештачката не може да се лепи. Планира да изработи и корсети и фустани, но нема да бидат за продавање.