Мора да се ослободите од работни места во јавната администрација, а во земји со висока стапка на невработеност, тоа е многу чувствително.

Ова го изјави директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Мајкл Фриц во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, пренесува „Макфакс“. СпоредФриц  не постојат лесни начини да се намалат работните места во јавната администрација.

„Во институциите со кои ние работиме сме забележале дека во одредени области има превработување, но во други области, каде што навистина има потреба од вешти лица, нема кадри. Тоа е делумно поради неконкурентноста на владините плати, а понекогаш има и замрзнувања на нови вработувања поради актуелната економска ситуација и состојбата на државниот буџет“, смета Фриц.

Тој додава дека некој ќе мора да ја донесе тешката одлука за отпуштања во јавната администрација, иако сега тоа би било многу непопуларен потег.

Според него, работната сила во Македонија сè уште не е конкурентна.

OhridNews
извор:„Макфакс“