Англискиот фудбалер Френк Лампард е нов член во Куќата на славните во Премиер лигата. Лампард е прв фудбалер од поновата ера, бидејќи претходно влез во елитното друштво обезбедија Тиери Анри, Алан Ширер, Рој Кин и Ерик Кантона.

Изборот на Лампард не е изнедувачки, затоа што легендата на „сините“ е најпродуктивен фудбалер од средината на теренот во англиската Премиер лига. Лампард има најдобар учинок кога ќе се сумираат головите и асистенциите.

Лампард професионалната кариера ја започна во Вест Хем каде што играше шест сезони. Во 2001 година се пресели во Челси и во 13 сезони се избори за дузина титула и статус на легенда. После заминувањето од Челси се пресели во Манчестер Сити, а кариерата ја заврши во Њујорк.

OhridNews