Групата „Квин“ потврдила дека ќе издаде нов албум со необјавени песни од осумдесеттите години кои ги пее покојните фронтмен на тој бенд Фреди Меркјури. Тие со помош на Pro Tools ќе го спојат гласот на Меркјури со инструментал кој го снимиле неодамна, рекол познатиот гитарист на бендот Брајан Меј.
Тој додал дека планирано е новиот албум да излезе до крајот на годинава и дека веројатно ќе носи наслов “Queen Forever”. Меј рекол и дека албумот ќе звучи многу емотивно, објаснувајќи дека во прашање се балади кои ги работел во соработка со колегата од бендот Рожер Тејлор.