На претстојните претседателски избори ќе се судрат двајца универзитетски професори, откако на конвенцијата што се одржа синоќа СДСМ и официјално одлучи за претседателски кандидат да го предложи професорот Љубомир Фрчковски.

– Македонците не заслужуваат да се понижуваат нивните со мака изборени демократски институции, во нив да се предлагаат клонови, слуги, послушници на партиските шефови. Треба да го запреме одот на Македонија кон еднопартиска диктатура, рече Фрчковски во обраќањето пред делегатите.

Одлуката беше поздравена од 700 делегати на партијата. Поддршка за кандидатурата на Фрчковски СДСМ доби од НСДП,
додека ЛДП претходно го предложи поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин за свој претсдателски кандидат.

Ohridnews