Пет оставки вo еден ден во кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Оставки поднеле министрите за образование и за земјоделство, Перо Стојановски и Ацо Спасеновски, додека министерот за финансии, Трајко Славевски, бил разрешен. Според првичните неофицијални информации нов министер за финансии ќе биде Зоран Ставревски, кој и натаму ќе ја извршува и функцијата вицепремиер.

Причина за оставката на Стојаноски според првичните информации било неговото незадоволството од начинот на решавање на проблемите во образованието на албанците, пред се во Тетовскиот универзитет и во средните училишта „Панче Караѓозов“ во Скопје и „Нико Нестор“ во Струга. Инаку во владата подолго време се шпекулираше дека пости одредено незадоволство од работата на министерот за образование, а особено поради бројните закони кои ги оспори Уставниот суд. Нов министер за образование ќе биде екс директорот на скопски катастар Никола Тодоров.

Незадоволство имаше и од ресорот земјоделие, од каде покрај министерот Спасеновски заминува и неговиот заменик Христијан Делев. Нов министер за земјоделство ќе биде Љупчо Димовски кој досега ја извршуваше функцијата заменик министер во транспорт и врски.

Денеска оставка поднел и Стојан Тодоров кој ја извршуваше функцијата генерален секретар на Владата.

Минатата недела од функцијата се
повлече вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски.

Ohridnews