Само во периодот од 10 до 14 часот, во понеделникот, сообраќајната полиција евидентирала 97 случаи на неправилно и непрописно паркирање и запирање на патнички моторни возила. Поголемиот дел од нив, се во централното градско подрачје односно на најфрекфентните градски сообраќајници. Полициските службеници, евидентирале паркирани возила на пешачки премини, паркирање во крстосница, на тротоар, на пешачка и велосипедска патека, паркирање на автобуски постојки и други прекршоци на паркирање, со кои се попречува нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во Специјалното возило „Пајак“ се вклучува само во екстремни случаи на паркирани возила со кои сериозно е нарушена безбедноста во сообраќајот, информираат од полицијата.
Овoj месец сообраќајната полиција ќе делува исклучиво превентивно, по што ќе се преземаат и други законски мерки, предупреди СВР Охрид.