ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.Л.(28) од с.Октиси за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 15.07.2009 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, од страна на полициски службеници е извршен преглед на ПМВ „опел омега“, управувано од пријавениот, каде се пронајдени околу 80 грама дрога-марихуана, што претходно ја набавил од две лица од Дебар за износ од 3.000 денари.
ПС Струга поднесе кривична пријава против А.С.(29) од с.Франгово за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против Ф.Б.(36) од с.Заграчани за „помагање“. На 08.08.2009 година, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина на населбата Езерски Лозја, извршен е преглед во ПМВ „застава југо“, управувано од А.С., каде е пронајдена автоматска пушка кал.7,62мм, две рамки со 32 куршуми и нож за автоматска пушка. По наредба на истражен судија, извршени се претреси во домот на А.С. и во станот на Ф.Б., каде привремено престојувал А.С. и се пронајдени сигнален пиштол „волга“ кал.9 мм и 691 куршуми различен калибар.
ПС Струга поднесе кривична пријава против Р.Ќ.(30) од с.Радолишта за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 24.07.2009 година, околу 04,00 часот, во Струга во ноќниот клуб „Оаза“, настанала вербална расправија помеѓу пријавениот и вработените во клубот, по што истиот со пиштол што го поседува без дозвола им се заканувал по животот на присутните гости во објектот.
ПС Струга поднесе кривична пријава против Н.Л.(46) од с.Мислешево за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во текот на март или април 2009 година, во с.Мислешево, пријавениот отишол во домот на П.Ш. и му продал пиштол „ЦЗ“ кал.7,65 мм и 10 куршуми за износ од 450 евра како компензација за паричен долг.
извор: МВР