Српската полиција поднесе две кривични пријави, против 12 лица, под сомнение дека на натпреварот на младите репрезентации на Србија и Англија, одиграна на 16. октомври во Крушевац, извршиле кривично дело, насилство на спортска приредба или јавен настан.


Една пријава е поднесена против петмина српски репрезентативци и помошникот тренер, како и против двајца англиски играчи и помошникот тренер на репрезентацијата. Инаку, не се наведени имињата на играчите и тренерите против кои се поднесени пријавите.
Втората кривична пријава е поднесена против тројца навивачи, поради употреба на пиротехнички средства.
До нередите на натпреварот во Крушевац дојде откако Англија ја победи Србија со 1:0, во возвратниот бараж меч за пласман на Европското првенство за играчи до 21 година, кое ќе се одржи следната година во Израел.
Главниот судија им покажа црвени картони на Слободан Медојевиќ од Србија и Дани Роуз од Англија.
Европската фудбалска унија покрена дисциплинска постапка против двата сојузи, а одлуката ќе биде донесена на 22. ноември
“макфакс“
Ohridnews