Без оглед на тоа што потрошувачката на вино во Франција двојно се намали од 1960 година, французите и понатаму се најголеми пијачи на вино на светот. На второто место по потрошувачката на вино се португалците, а на третото италијаните. Потрошувачката на вино по жител во Франција од 1960 до 2015 е намалена од 100 литри годишно на 42 литри, а како што покажа анкетата која агенцијата Франс Агример ја спроведува секои пет години, причина за драстичниот пад е константното намалување на бројот на редовни конзументи. Во 1980 година дури 51 процент од французте редовно со главниот оброк пиеле вино, а во 2015 само 16 проценти, што е на стабилно ниво од 2010 година процентот бил 17.

 

Најголем број меѓу нив, воглавно, се постари лица кои не се откажуваат лесно од своите востановени навики во исхраната. Во категоријата редовни винопии двојно повеќе има мажи. Французинките кои редовно пијат вино во просек пијат по една чаша на ден. Меѓутоа, бројот на французи кои повремено пијат вино порасна од 45 проценти во 2010 на 51 процент во 2015 година. Третина од жителите на Франција изјавиле дека воопшто не пијат вино, што е помалку од 2010 кога биле 38 проценти. Анкетата покажа дека бројот на пивопии во Франција од 2010 до 2015 година пораснал од 12 на 18 проценти.