После пивото, водата и соковите, на ред дошло и виното во лименки. Исклучиво флаширано, или евентуално во тетрапак, виното отсега може да се купува и во лименки. На оваа идеја дошла француската компанија Вајнстар која на пазарот лансирала три видови вино. Претставник на компанијата изјавил дека сакале да го демократизираат виното, додавајќи дека досега на пазарот немало квалитетно вино во мал формат.

Многумина, меѓутоа, сметаат дека ваквото паковање на виното, кое е симбол на Франција, е скандалозно, и сметаат дека не треба да се тертира на ист начин како пивото и газираните пијалоци. Оние кои немаат вакво мислење ќе можат да купат паковање од 24 лименки од по 187 милилитри за 59 евра. Поединечно лименките се продаваат по цена од 2,5 евра. На загрижените љубители на виното, Вајнстар им порачал дека ннивната технологија, плод на долгогодишни истражувања и развој, овозможува виното да се изолира од алуминиумот благодарение на специјален внатрешен слој со кој е обложена внатрешноста на лименката.