Французите се познати по тоа дека безгранично и неприкосновени веруваат во лековитите својства на виното. веројатно поттикнати од оваа традиција, една болница одлучила да отвори вински бар како би го подобрила квалитетот на животот на пациентите, посебни на оние во терминалната фаза на болеста. Како што пренесуваат агенциите, вински бар во Универзитетската болница во Клермон-Феран, во централна Франција, ќе започне со работа во септември. Локалот ќе биде сместен при центарот за палијативна нега на болницата, а пациентите ќе можат да повикаат пријатели и роднини на чаша вино.
Прв од овој вид во земјата, винскиот бар има задача да „внесе малку радост во животот на тешко заболените пациенти“, изјавила за агенциите началничката на центарот Вирџини Гастела. Таа истакнала дека целта е пациентите повторно да се чувствуваат како луѓе, додавајќи дека роднините и пријателите на пациентите ќе имаат прилика, иако во болничко окружување да уживаат во моментите на меѓусебно дружење. Освен вино, во барот ќе се служи и пиво, виски и шампањско.