Кравите во Франција дневно пијат по две шишиња висококвалитетно црвено вино, за да се произведе најдоброто говедско во Европа.

Оваа пракса веќе резултирала со посебна ознака за месо од овие крави, наречени Винбовин, кое веќе се смета за најдобро говедско и се послужува во префинетите ресторани во Париз.

Експериментот започнал во Лунел-Виеле, во регионот Еро на југ во Франција, каде што три крави добивале локално вино во текот на четири месеци.

Виното на кравите им се давало во мешавина од јачмен, сено и грозје. Кравите биле многу “среќни“, а подоцна се увидело дека нивното месо било многу сочно.

Кравите уживале во виното и со задоволство го пиеле, истакнал фармерот Клод Сабалие, на чија фарма минатата година бил изведен експериментот.