Едно истражување на швајцарската компанија „Блексокс“, со кое биле опфатени 3000 лица од шест европски земји, покажало дека дури 66 проценти од мажите во Франција не ги менуваат чорапите секој ден, како и 70 проценти од мажите во Швајцарија. На другиот крај од оваа скала се наоѓаат германците и британците, од кои дури 78 прценти секојдневно облекуваат чисти чорапи. Кај нив 78 проценти од мажите и жените секојдневно ги менувале чорапите, а 11 проценти од нив ги менувале секој втор ден.


Четири проценти од испитаниците признале дека ги менуваат чорапите еднаш на три дена, а еден процент само еднаш неделно. Истражувачите навеле дека менувањето на чорапите најмногу зависело од тоа колку пара чорапи поседува еден поединец. Така, германците имаат најголем број чорапи, односно по 24 пара на човек, а потоа следуваат австријците и швајцарците. Французите имаат најмал број на чорапи, односно само 17 пара во просек.