французите постепено го губат интересот за водечкиот национален пијалок, виното, што го докажува и фактот дека за две генерации потрошувачкта на вино во Франција е намалена за три милијарди шишиња, што е еднакво на едно шише неделно на еден жител. До оваа информација преку опширно истражување дошле експертите при универзитетот во Тулуз. Виното го пијат само 16 проценти од жителите на Франција, додека порано традиционално се конзумирало за време на оброците.
Младите французи немаат желба да ја одржат националната култура и се повеќе предност им даваат на другите алкохолни пијалоци, пред се коктелите. Без оглед на паѓањето на популарноста на виното, французите и понатаму се негови најголеми потрошувачи. Минатогодишната протрошувачка во Франција била на ниво од 29,4 милиони хектолитри. Во споредба со нив, шпнаците во 2010 испиле 10,6 милиони хектолитри, португалците 4,4 милиони, а грците само 3 милиони хектолитри вино.