Група од 500 жителки на Франција поднела на судот во Марсеј тужба против компанијата за производство на силиконски имплатанти. За зголемувањето на градите бараат бесплатна замена и надокнада за претрпената здравствена и морална штета. Причина за тоа бил фактот што силиконите кои ги употребувала оваа компанија биле забранети од француската агенција за контрола на квалитетот на медицинските материјали.
Причина за тоа било честото истекување на силиконите. Настраданите жени се обраќале на лекарите поради деформации и воспаление на млечните жлезди. Според податоците на здравствениот фонд, во Франција со овој вид ефтин силикон биле оперирани повеќе од 30 илјади пациентки.