Извршниот комитет на УНЕСКО ја избра Французинката Одри Азуле за нова генерална директорка на оваа агенција на Обединетите нации, пренесува „Макфакс“.

Азуле доби повеќе гласови од претставникот на Катар, Хамад бин Абдулазиз ал-Кавари.

Таа го победи Ал Кавари со 30:28 на завршното гласање, откако претходно денеска доби повеќе гласови од Египќанката Мушира Кетаб.

Арапските земји силно лобираа за кандидат од арапска земја да биде избран за нов генерален директор на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Азуле ќе биде втора личност од Франција на оваа функција по Рене Мајо, која беше генерален директор од 1961 до 1974 година.

OhridNews
извор: „Макфакс“