Една 80-годишна французинка која починала во март 2008 година без потомци, оставила со тестамент се што имала на работници од превозно претпријатие.
Покрај 50те работници на ова претпријатие, дел од своето наследство од 300 000 евра ќе добијат и аптекари, доктори, медицински сестри, вработените во министерството за финансии како и еден водоинсталатер.
Адвокатот задолжен за делбата на наследството објаснил дека со овој гест старата госпоѓа сакала да им се заблагодари на сите оние кои ги ценела и и помагале во последните години од животот.
“Наследството ќе биде поделено помеѓу 200 луѓе“, вели адвокатот, истакнувајќи дека не било лесно да се пронајдат сите тие луѓе бидејќи старицата во својот тестамент во неколку случаи го навела само името на наследникот.