Францускиот милионер познат под името Фредерик, и понудил на британската актерка Кели Брук дури милион евра за да мине со него една страсна ноќ. Брук била на снимање во Кан кога и пришол непознат човек и и понудил дури еден милион евра за една ноќ со него. Сцената била како од филмот „Непристоен предлог“, во кој Деми Мур минува една ноќ со Роберт Редфорд кој за тоа задоволство и платил.

Убавицата мислела дека најпрво станува збор за шега, но францускиот богаташ не сакал да се откаже и почнал да вика и да и нуди повеќе пари. Таа набрзо го повикала обезбедувањето, кое го исфрлило милионерот од хотелот во кој било снимањето.