Четворочлено француско семејство одлучило да направи туристичка прошетка во земјава, но на  невообичаен начин. Семејството од Франција, сопружници и нивните две деца, допатуваа во нашите краишта на велосипеди.


Ниту велосипедите на француските туристи не беа обични. Таткото, на својот велосипед прикачил приколка на  две тркала “кабриолет”, каде што е сместено девојчето,  додека мајката на својот  велосипед има  прикачено друг велосипед-тип  “Пони” за деца, кој со леснотија го шлепа синот,  опремен со зелена маица и шлем на главата, како што предвидуваат сообраќајните одредби.


Пристигнувањето на веселото семејство во Струга, на мостот на реката Дрим, го забележа  објективот на авторот на оваа фото-вест, кој и самиот беше уловен од објективот на главата на француската фамилија и настана меѓусебно фотографирање.

                                                                                                 Мехмет Латифи