Францускиот електронски дует Daft Punk стана добитник на престижната музичка награда Brit Awards во категоријата „Најдобра странска група“, на церемонијата на доделувањето на признанија во областа на поп музиката што се одржа синоќа во лондонската „О2 Арена“, додека Ели Голдинг е најдобрата британска исполнителка, пренесува „Макфакс“.
Кон крајот на јануари, дуото Daft Punk на доделувањето на музичките награди Grammy Awards во Лос Анџелес, ги однесе ласкавите признанија во пет номинации. Французите беа прогласени за најдобри во категориите „Албум на годината“, „Снимка на годината“, „Најдобар танцувачки или електронски албум“, „Најдобар дизајн на некласичен албум“, каки на „Најдобар поп дует или група“.
Англиската пејачка и композиторка Ели Голдинг е победник за 2014 година во категоријата „Најдобра британска пејачка“, којашто минатата година ѝ припадна на младата шкотска уметница Санде за дискот „Our Version of Events“ кој стана најпродаваниот во Велика Британија.
Наградата Brit Awards што ја доделува Британската асоцијација на музичката индустрија во 1997 година, и таа се доделува главно за британските музичари, а се смета за пандан на американската Grammy.
OhridNews
извор:„Макфакс“