“За да се режира филм во Охрид треба да се познаваат овдешната култура и луѓето” изјави денеска на прес-конференцијата Марион Лен, режисерка на филмот  ” Добро срце” што беше прикажан синоќа во рамките на Првиот фестивал на францускиот филм.  Таа го изрази своето задоволство од синоќешната публика која го гледаше нејзиниот филм и изрази надеж дека ќе се воспостави успешна соработка помеѓу македонската и француската кинематографија.

Нејзината колешка Ан Ле Ни, режисерка на филмот ” Оние што остануваат ” кој исто така беше прикажан вчера појасни дека во Франција им дава субвенции за филмовите со што ја стимулира нивната продукција.  

Двете режисерки со синоќешните филмови го имаа режисерското деби.
Во врска со тоа дали во француската кинематографија преовладуваат уметничките и комерцијалните филмови, на денешната прес-конференција беше кажано дека постојат комерцијални филмови со висок буџет, уметнички со мал буџет, но и филмови што се во средината и кои што ги обединуваат и комерцијалното и уметничкото, а такви се филмовите што се прикажуваат на фестивалот во Охрид.

Попладнево од 16 часот на Првиот фестивал на францускиот филм ќе биде прикажан  играниот филм “Синот на пекарот”. Во 18 : 30 на репертоарот е “Насмевката на мама”, а 21 часот е терминот резервиран за  “Близок непријател”, филм во режија на Флоран Емилио-Сири.