Фирмата “Magpie Polymers”, сместена на 80 километри од Париз, развила технологија од постапка која ја усовршила швајцарското политехничко училиште уште во 2007 година. Во овој процес се користат ситни кугли пластична смола кои го привлекуваат златото кое се наоѓа во отпадните води. Освен злато, куглите привлекуваат и платина и други племенити метали.

Еден литар од оваа патентирана смола може да прочисти од пет до десет кубни метри отпадни води и да собере 50 до 100 грама племенити метали во вредност од 3000 до 5000 евра. Технологијата која ја користи француската фирма може да послужи и за издвојување други штетни метали од водата, како олово, кобалт или бакар. Амбициозната фирма има само шест вработени, а се надеваат на заработка од милион евра следната година.