Алан Роберт, познат и под името Францускиот Спајдермен, се искачил на една од највисоките згради во трговскиот кварт Ла Дефенс. Тоа била зградата на ГДФ-Суез, висока 185 метри, која се наоѓа во центарот на Париз. Се искачил за околу 45 минути.
За прв пат Роберт се качил на облакодер во 1994 година. За своја дестинација тогаш го одбрал врвот на Сити Банк во Чикаго, а оттогаш се качил на стотина облакодери низ целиот свет. Минатата година се искачил на врвот на облакодерот Петронас во Куала Лумпур кој е висок 452 метри.