Амбасадорот на Франција во Македонија, Бернард Валеро, денеска ќе претстојува во работна посета на Охрид.
Валеро најнапред ќе оствари средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и претставници на локалната самоуправа, по што ќе ја посети “Охридска банка“.
Неодамна за сума од нешто над 40 милиони евра “Охридска банка“ ја купи моќната финансиска корпорација од Париз, “Сосиете Женерал“.
Г.М.