На средбата, како што информираат од „Охридско лето“, биле разменети искуства од организационен карактер на двата фестивала, се разгледале можностите за понатамошна соработка, а била договорена и промоција на Фестивалот „Охридско лето“ во овој дел на Франција. Исто така била договорена и размена на уметници, а се разговарало и за организирано доаѓање во Охрид на љубителите на музиката од Азурниот брег, што значи Клубот на пријатели на музичкиот фестивал во Ментон, Оперите на Монте Карло-Монако и Ница и нивно запознавање со убавините на Охрид и македонското културно наследство.
Летра оствари средба со првиот човек на Фестивалот во Ментон Жан-Мари Томази
На 60 годишнината од фестивалот во Ментон, минатата година, покрај познатите Барбара Хендрикс и Џун Андерсон настапи и нашата македонска сопранистка Елена Голомеова која како и Барбара Хендрикс има настапувано и на сцената на Охридско лето.