Туроператори и новинари од Франција во текот на претходната седмица биле во посета на Охрид како дел од Промотивното патување кое го организирала Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
На промо турата имало претставници на туроператорите „Alest Voyages“; „Intermedes“; „Aets & Vie“; „Kuoni“ и „Verdie Voyages“ и новинари од магазините „Le Quotidien du Tourisme “ и „Travel Magazine“.
-Тур операторите од Франција изразија задоволство од успешните средби со бизнис секторот и беа задоволни од организацијата на посетата. Потенцијал за соработка има бидејќи интересот за проширување на нивната дејност и на македонскиот пазар и привлекување на поголем број потенцијални туристи од Франција е голем, информираат од АППТ.
Освен посетата на туристичките знаменитости во Охрид, француските гости оствариле и средби со хотелиери и претставници на туристичкиот сектор.
OhridNews