Еминентниот професор Денис Паризо од универзитетот во Ница, Франција, денеска на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе одржи предавање на тема ,,Спорт, природа и култура“.

На предавањето, Паризо, ќе се осврне на туристичките потенцијали на Источна Европа наспроти западот.

Професорот Паризо во Македонија престојува како дел од програмата за размена на академски кадри, и е прв профессор кој гостува на Битолскиот универзитет.

Ohridnews