Островот Боедик во Атланскиот океан, во францускиот департмен Морибан во Бретања, со површина од седум хектари, продаден е за четири милијарди евра. Нов сопственик на островот, на кој се наоѓа и куќа со површина од 900 квадратни метри, стана Кристиан Латуш, бизнисмен од Лион кој ја поседува фирмата Фидисијал која вработува 70 илјади луѓе ширум светот. На листата на списанието Шаланж се наоѓа на 77 место најбогати французи.

 

Островот бил на продажба од 2013 година, кога беживотното тело на претходниот сопственик, адвокатот Оливие Метзнер, било најдено како плови долж брегот на ова приватно островче. Адвокатот островот го купил во 2010 година за 2,5 милијарди евра. На островот има вила, помошна куќа и капела преуредена во салон за слушање музика.