Титулата за најдобар жесток пијалок и оваа година, исто како и изминативе две, по одлука на стручното жири на дваесеттиот меѓународен конкурс во Лондон им припадна на Французите. За најдобар жесток пијалок за 2015 година е прогласен ликер од црна рибизла од Бургоњ, произведен од реномираната куќа Леже-Лагу, пренесуваат француските медиуми.
Жирито, составено од повеќе од 50 професионалци, одлучувало во период од шест дена за овогодинешниот победник во конкуренција од 1300 алкохолни пијалоци. Вицешампион за 2013, 2014 и оваа година е исто така ликер од дижонска рибизла, но произведен во куќата Будија.