Француски алпинист при искачувањето на Мон Блан пронашол кутија со скапоцени камења вредни илјадници евра, за кои се вервува дека припаѓале на патник во индиски авион кој се срушил пред повеќе од 50 години.


Димјамантите и сафирите чија вредност се проценува помеѓу 130,000 и 246,000 евра биле предадени на француската полиција, а младиот алпинист кој ги пронашол и предал сакал да остане анонимен.

Тие се наоѓале во метална кутија и биле спакувани во мали вреќички, а на нив била пронајдена ознака “Made in India”.

“Доколку сопственикот на дијамантите не биде пронајден, тие ќе му припаднат на пронаоѓачот” изјавил претставникот на локалната полиција.