Француската морнарица, во водите на јужен Пацифик, запленила пратка од 1,46 тони кокаин. Во акцијата на заплената на кокаинот уапсени се четворица членови на посадата за кои се верува дека се државјани на Летонија или Литванија.
Дрогата била запленета на јахтата „Афалина“, која пловела од Јужна Америка кон Нова Каледонија. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на 256 милиони долари.
Австралиската комисија за кривично-разузнавачки работи соопшти дека заедно со партнерите долго време го набљудувала и истражувала „Литванскиот синдикат“.
Дрогата веднаш била уништена во Нова Каледонија.
OhridNews
Макфакс