Вечерва со почеток во 21 часот во црквата Св. Софија ќе се одржи Шопенова вечер. Ќе бидат изведени четирите Балади на Шопен илустрирани од неговите писма. Ќе настапат французите Жером Гранжон – пијано, рецитатори: Изабел Тутон и  Фредерик Сунак.


Жером Гранжон е добитник на прва награда за пијано и камерна музика на Националниот конзерваториум во Париз. Тој го продолжува своето школување во Банф центарот во Канада. Мариа Жоа Пирес го приметува како многу млад и тој во повеќе наврати настапува со неа во театарот Цхателет во Париз со филхармонискиот оркестар на Радио Франс. Од септември 2000 година, тој е нејзин асистент во уметничкиот ценатар Белге во Португалија. Жером има настапувано со повеќе оркестри: Оркестарот од Бордо, Оркестарот Московски солисти, Оркестарот на фондацијата Гулбекиан во Лисабон… Исто така настапува на бројни фестивали во Европа и Северна Америка.  

Ohridnews