Во рамки на Француската вечер на Охридско лето, вечерва во црквата Св. Софија, со почеток во 21 часот, концерт ќе одржи Мишел Летјек (кларинет) во придружба на квартетот „Жирард“: Иго Жирард (виолина), Агат Жирард (виолина), Одон Жирард (виола) и Луси Жирард (виолончело).
Претходно, од 19 часот на малиот плоштад во центарот на Охрид ќе се одржи изложба на некласични мозаици на македонскиот ликовен уметник Ленче Војнеска.
OhridNews