Поранешните репрезентативци Иван Маркоски и Александар Зарков како тренери на францускиот тим Версај се дел од 41-то издание на меѓународниот турнир „Струга 2013“. Двете ракометни легенди со нивното присуство го збогатија турнирот, кој е еден вид на собиралиште на поранешните ракометни виртуози.

–   Ова е нов почеток за мене и за мојот колега Александар Зарков. Нашето појавување на ракометниот турнир во Струга не е случајно бидејќи уште од поодамна имавме контакти со француската екипа. Се надеваме дека после турнирот со управата на клубот ќе најдиме заеднички јазик и ќе продолжиме да ја водиме екипата во своите настапи во францускиот шампионат – рече Иван Маркоски.

Маркоски и Зарков кои беа дел од неколку шампионски генерации на Пелистер, очекуваат добар развој во тренерските води иако според нив тоа тешко исто колку да се стане добар и успешен ракометар.

– Од една страна ми е чест и задоволство, а од друга стана не бидејќи нашата краткотрајна работа ја препозна клуб надвор од македонските граници, а кај нас се доведуваат тренери од надвор. Ние имаме наша ракометна школа за која допрва ќе се слушаат добри работи. Воспаставивме врска со неколку клубови надвор од Македонија и пред нас не очекува макотрпна работа – заврши Маркоски.

Ракометарите на Версај предводени од македонскиот тренерски тандем забележаа една победа над Струга и претрпеа два порази од Металург и Брест Мешков.

Мх.П.