Народното собрание во Франција ја одобрила владината уредба според која е забрането ангажирање на анорексични манекенки. Пратениците во долниот дом на францускиот парламент го усвоиле овој предлог како дел од поголем пакет здравствени закони. Според овој амандман, кој го предложил пратеникот на Социјалистичката партија Оливие Веран, забрането е остварување на манекенски активности на лица чиј индекс на телесната маса е под нивото кое е дефинирано на предлог на Високите здравствени власти, по налог на министерот за здравје и работа.

 

На почетокот на оваа седмица усвоени биле и мерки портив веб страниците кои ја промовираат анорексијата. Министерството за здравје објавило податоци според кои во Франција околу 40 илјади лица се болни од анорексија, од кои околу 90 проценти се жени. Слични мерки претходно вовеле Шпанија и Израел.