Осум лица, меѓу кои и едно девојче, се полесно повредени во вооружен инцидент кој се случил пред една џамија во градот Авињон, на југоистокот на Франција. Двајца мажи, во неделата околу 23 часот, излегле од автомобил и од ловечка пушка започнале да пукаат по минувачите. Според обвинителството мета на нападот не била џамијата, односно дека не се работи за тероризам.
Вооружениот инцидент во Авињон се случил неколку дена по обидот на еден маж да изврши напад врз џамијата во Кретеј. Во овој инцидент немаше повредени. Полицијата потоа ги засили контролите пред џамиите во Франција.
Во оваа држава сеуште во сила е вонредната состојба, која е воведена во 2015 година по терористичките напади во кои загинаа 239 лица.
OhridNews
Макфакс