Таксистите и контролорите на летови го блокираа поголемиот дел од сообраќајот во Франција, а штрајкуваат и услужните и просветните работници, кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа, но и зголемување на куповната моќ.

Таксистите кои штрајкуваат веќе неколку дена, денес ги блокираа приодите до поголемите аеродроми во Франција, а авиосообраќајот го отежнува и штрајкот на контролорите на летање, поради што беа откажани летови.

Патниците во Франција, денес се соочија со потешкотии да стигнат на работа, поради тоа што таксистите ги блокираа патиштата  и улиците во Париз, Марсеј, Тулуз и други поголеми градови. Блокадите особено се насочени кон обиколниците во градовите.

OhridNews