Во Франција денеска стапи на сила Законот против тероризам кој ќе ја замени вонредната состојба која траеше 719 дена. Речиси две години по нападот на 13 ноември во Париз, вонредната состојба во Франција е укината. Со Законот против тероризам на полицијата ѝ се даваат поголеми овластувања во спроведувањето истраги, можност за затворање верски објекти и ограничување на движењето на луѓе осомничени дека се поврзани со екстремисти.

Овој закон е еден од трите ветени закони на претседателот на Франција, Емануел Макрон, во текот на неговата изборна кампања. Другите два закони се однесуваат на нормализација на политичкиот живот и либерализација на постоечкиот закон за работни односи.

Во терористичкиот напад во Франција загинаа 240 луѓе.

OhridNews

Макфакс