Француските воздухопловни сили вечерва го бомбардираа сирискиот град Раку, кој се смета за главно упориште на Исламската држава. Веста ја пренесе CNN повикувајќи се на изјава на советник во министерството за одбрана на Франција.

Во нападот учествувале 10 борбени авиони на Франција кои истовремено дејствувале од Обединетите Арапски Емирати и Јордан. Исфрлени биле дваесет бомби, соопшти француското министерство за одбрана.

Акцијата била изведена во координација со силите на САД. Нападнати и погодени биле повеќе цели меѓу кои штабот на војската на Исламската држава, воени магацини и центарот за обука на борци.

OhridNews