Франција 97 проценти од минатогодинешното производство на коњак го извезла, заработувајќи така две милијарди евра. Францускиот извоз во најголема мерка зависи од експортот на аероиндустријата, а на второ место се прехрамбените производи со остварен приход од 11,5 милијарди евра во 2012, во кој најголем удел имаат сирењето и алкохолните пијалоци. Како што навеле француските медиуми, почесно место во поглед на најпродаван француски алкохолен пијалок во странство има коњакот.
Од три милијарди долари заработени на продажба на француски жестоки пијалоци, две милијарди се остварени благодарение ка коњакот. Продажбата на француски коњак во Азија, а пред се во Кина, постојано расте. Најпродавани се Хенеси, Реми Мартин и Мартел. Во Кина минатата година извозот на коњак пораснал за 30 проценти, бидејќи овој луксузен пијалок станува се попривлечен меѓу кинеската средна класа која е во пораст.